Кои руски министри имаат највисоки медиумски рејтинзи?

Анкета покажа кои руски министри се најпопуларни.

Највисок медиумски рејтинг меѓу министрите во Русија има Сергеј Лавров, министер за надворешни работи во владата на Медведев. После него следуваат Сергеј Шојгу, министерот за одбрана и Владимир Колоколцев, министер за внатрешни работи. Ова се резултатите од анкетата која е извршена од „Медиалогија“ во периодот од април 2012 до април 2013.

Од сите министри, Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу традиционално имаат голема доверба кај рускиот народ. Сергеј Лавров се прослави со доброто справување со ситуацијата околу Сирија, како и со дипломатските контакти со САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња