Експлозија во Москва

Работничка на градска чистота повредена во Москва.

Работничка на градската хигиенска служба е повредена рано утрово во експлозија во Москва. Експлозивната направа се активирала кога жената подигнала фрлена кутија, соопшти претставникот на службата за информирање на МВР од Москва.

На местото на инцидентот работат експерти за пиротехника, а работничката е хоспитализирана.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња