Докторите кои ќе сакаат да работат во Русија нема да полагаат испит за познавање на рускиот јазик

Московските власти сакаат да го укинат испитот по руски јазик за докторите кои сакаат да дојдат да работат од странство во Москва. Леонид Печатников изјави дека во моментов е многу тешко да се најдат добри доктори од странство кои добро би го научиле рускиот јазик за работа во Москва.

„Според руското законодавство, странскиот доктор, доаѓајќи во Русија, треба да ја нострифицира својата диплома. Т.е. странскиот документ за образование треба да биде признат од Министерството за образование и наука“, изјави заменикот на градоначалникот за „Известија“. „Исто така, тој доктор не само што треба да зборува на руски, туку треба да положи испит од својата професија на руски“, додаде Печатников.

„Ако треба да се работи со локалното население, не разбирам зошто е потребно да се укинува испитот по руски јазик“, додава експертот. „Сепак, треба да им припишува рецепти на руски јазик и да комуницира со колегите“.

Според зборовите на Данишевски, добро би било да се создадат услови за руските доктори. „Ние имаме многу добри специјалисти. Треба да ги мотивираме подобро, бидејќи најдобрите заминуваат во странство, не сакајќи да работат за 30.000 денари“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.