За германскиот новинар, интервјуто со Путин се претвори во кошмар

Разговорот со Владимир Путин пред посетата на рускиот претседател во Германија бил предвиден како сериозен разговор, но се претворил за главниот уредник на германскиот телевизиски канал ARD во мачен школски час.

Јорг Шененборн однапред ги добил прашањата од редакцијата и сметал дека без некој поголем напор ќе разговара на темите кои Владимир Путин подоцна ќе ги отворел во Хановер. Сепак, пријатниот разговор со рускиот лидер за Германецот се претворил во кошмар. Во случајот со Јорг Шенеборн, Владимир Путин  веднаш сфатил со кој имал работа: новинарот не можел да одговори ниту на едно прашање на претседателот.

Разговорот започнал со прашањето за проверките на фондовите на политичките партии во Москва. Рускиот претседател изјавил дека барањата на Русија се состојат во барањето сите организации финансирани од странство да дадат информација за својата дејност. Владимир Путин веднаш побарал од новинарот да дознае дали тој знае колку организации Москва финансира на Западот? Јорг Шенеборн не знаел. Москва финансира само две организации на Западот.

Следна тема стана Кипар. Германскиот новинар прашал: дали им е јасно на Русите, дека поради парите кои тие ги чуваат во банките, европската економија ќе има проблеми. Владимир Путин веднаш го оценил прашањето како апсурдно, и, како на лош ученик, почнал да му ги објаснува на Јорг Шененборн условите и ситуацијата околу Кипар. Банките се судрија со криза, но руските штедачи не носат за тоа никаква одговорност. Постои право и закон. Според зборовите на Путин, треба да се почитуваат елементарните правила. Не може едноставно да се тврди дека Русите ги користат руските банки за перење пари. Првин тоа треба да се докаже.

Исто така убедливо звучеле аргументите на рускиот претседател, кога разговорот се префрлил околу Сирија. Новинарот не успеал да му постави на Путин ниту едно потпрашање. Според мислењето на колегите на Јорг Шенеборн, тој не успеал во својата задача, бидејќи не успеал да се договори со Путин за тоа како ќе тече самото интервју. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.