„Нема во светот волшебно стапче кое мое да го реши овој проблем. За да се реши проблемот - треба да се водат преговори“, изјави јапонскиот премиер Абе.
Двете страни се договорија да ја продолжат соработката во областа на енергетиката.
За време на прес-конференцијата, јапонски новинар му поставил на Путин прашање за тоа како руските инфраструктурни проекти на Курилите ќе влијаат на руско-јапонските односи.
„Вие добронамерно го прочитавте тоа дофрлено прашање. Јас би ве замолил да го прашате тој кој ви го дал да му соопштите: тоа е проблем наследен од минатото. И ние искрено сакаме да го решиме со прифатливи услови и за двете страни. Ако сакате вие нам да ни помогнете, тоа е возможно. Но ако сакате да ни попречите, можете да продолжите да поставувате тешки прашања на кои ќе продолжите да добивате тешки, директни одговори“, подвлече претседателот на Русија.
„На тие територии живеат и граѓани на Русија, како и на другите територии. Ние сме обврзани да мислиме и на нив. Официјалната позиција на Руската Федерација е добро позната“, додаде претседателот.
Треба да се забележи дека јапонскиот премиер на прес-конференцијата исто така изјави дека отсуството на мировен договор меѓу Јапонија и Русија - е ненормална ситуација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче