Руската економија има резерва за раст, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев за време на состанокот во Министерството за економски развој. Тој подвлече дека владата на Русија и понатаму ќе го намалува неоправданото присуство на државата во економијата. Според зборовите на Медведев, ако компанијата произведува во конкурентен сектор на економијата, присуството на државата во управувањето на таа компанија не само што не е потребно, туку е и штетно. Според зборовите на премиерот, намалувањето на претераното присуство на државата во компаниите е една од задачите за исполнување на државниот буџет со приходи од приватизација. Оваа година приходите од приватизацијата можат да достигнат околу 8 милијарди евра, а потенцијално оваа сума може да се зголеми до 25 милијарди евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче