„Рособоронекспорт“ побара од Перу дозвола за увоз во државата на примерок од основниот тенк Т-90С, кој ќе биде прикажан на изложбата SITDEF во Лима од 15 до 19 мај 2013 година. Како што соопштува Infodefensa, дозволата за увоз на тенкот веќе е дадена. Учествувајќи на оваа изложба, „Рособоронекспорт“ ќе му предложи на Перу тенкови од овој вид како замена за веќе застарените Т-55.
На изложбата во Перу ќе земе учество и министерството за одбрана на Холандија, кое ќе го покаже својот тенк Леопард 2А6. Холандија веќе му ги понуди на Перу старите тенкови Леопард 2А6 за цена од 3 милиони долари за парче. Дали планираат властите на Перу отворање на тендер за купување тенкови - не е познато.
Претходно министерството за одбрана на Перу изјави дека има намера да купи 140 нови или користени тенкови. Во моментов Перу има 373 тенка АМХ-13 и Т-55, од кои 280 се Т-55.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче