Во средината на април најголемата руска приватна компанија за екплоатација на нафта „Лукоил“, изјави дека ќе ги намали цените на горивото во Русија. Изјавата беше неочекувана - нафтените компании ретко ги намалуваат цените во пролет, кога обично расте побарувачката на нафтени продукти.
Ова решение претставник од „Лукоил“ го објасни со падот на цените на нафтата на светските пазари. Компанијата секогаш се придржува до пазарните принципи за формирање на цените на пазарот на енергенси.
Веднаш после „Лукоил“, за намалување на цените се огласија и „Роснефт“ и „Гаспромнефт“. На фабриките на „Роснефт“ бензинот поевтини од 1,8 до 5,4%, а во „Гаспромнефт“ од 1% до 3%.
Освен намалувањето на светските цени, постои и друга објективна причина за намалување на цените - во Русија има рекордни количини бензин во складовите - над 1,9 милиони тони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче