На 1 мај Русија ќе ги претстави првите „Херои на трудот“

1 мај е празник на Пролетта и празник на Трудот, ден кога Владимир Путин ќе ги награди со звањето „Херој на трудот“ првите лауреати.

1 мај е празник на Пролетта и празник на Трудот, ден кога Владимир Путин ќе ги награди со звањето „Херој на трудот“ првите лауреати. Претседателот ќе има состанок со шефовите и претставниците синдикатите, каде се очекува неколкумина да го довијат ова звање.

За враќањето на ова звање, Путин соопшти за време на конференција на 29 март, кога беше потпишан соодветниот указ. Звањето и медалот „Херој на трудот“ ќе се врачуваат секоја година на 1 мај - тоа го спомна Путин за време на „директната линија“.

Како што пишува „Известија“, меѓу првите кандидати за оваа награда се Леонид Рошал и Наталија Сарганова, мајката на 37 деца, од кои 35 се посвоени.

Звањето „Херој на трудот“ се давало во СССР од 1928 до 1991 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња