Ижмаш започна со создавање на два нови автомата за ФСБ

Конструкторско технолошкиот центар „Имжаш“ работи на создавање два нови автомата врз основа на „Војак-А12“ за ФСБ.

Конструкторско технолошкиот центар „Имжаш“ работи на создавање два нови автомата врз основа на „Војак-А12“ за ФСБ, изјави за новинарите во понеделникот главниот конструктор на претпријатието, Владимир Злобин.

„По задача на Федералната служба за безбедност на Русија, специјалистите од центарот создаваат два специјални автомата“, изјави Злобин.

Освен тоа, компанијата започнува со модернизирање на автоматите АК-74 и АК 100, а исто така создава нов автомат за армијата врз основа на АК-12. Државните испитувања на овој автомат се закажани за јуни годинава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.