Како резултат на експлозија, денес во Махачкала (Дагестан) загинаа две деца. Ова го пренесува РИА Новости, повикувајќи се на прес-службата на МВР на Дагестан.
Експлозијата се случила недалеку од централниот пазар во Махачкала, на аголот на улиците Ирча Казакот и Јаркаски. Според податоците до кои дојдоа во МВР, експлозивниот уред бил ставен во пакет или ќесе, пренесува „Интерфакс“.
Се претпоставува дека некој го оставил експлозивот на крајот од патот, а децата обидувајќи се да дознаат што има во пакетот, загинале на лице место.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче