Црноморската флота речиси целосно го востанови своето присуство во Средоземното море, изјави во понеделникот командантот на Црноморската флота, вице-адмиралот Александар Федотенков. Според неговите зборови, наскоро се очекува зголемување на потенцијалот на морската авијација во оваа флота за 2,3 до 3 пати, а ЦФ ќе добие дополнителни 20 бродови.
На 13 мај ќе се одбележат 230 години од создавањето на Руската флота, и по тој повод вице-адмиралот и командант на Црноморската флота изјави дека се очекува забележително зголемување на воената моќ на Црноморската флота.
Командантот забележа дека речиси целосно е востановено присуството на ЦФ во Средоземното море. „Црноморската флота практично се врати во Средоземното море. Бродовите на ЦФ во 2012-2013 година направија 17 походи; за 12 месеци поминаа 52.500 морски милји, а трајноста на мисиите на отворено море изнесува 650 деноноќија“, изјави Федотенков.
Само да потсетиме дека во јануари заврши најголемата вежба на Морнарицата на Русија во Средоземното море, во која зедоа учество бродовите од Балтичката, Северната и Црноморската флота. Заклучок од овие вежби е враќањето на постојаната служба во Средоземното море и праќање на бродовите „Калининград“, „Шабалин“, „Саратов“ и „Азов“.
Главникот командант на Воено-морската флота на Русија, Виктор Чирков, уточни дека на постојана основа во Средоземното море треба да се наоѓаат од пет до шест бродови.
Во следната година Црноморската флота ќе ја добие првата од шесте фрегати од проектот 11356 „Адмирал Григорович“. „Веќе во 2013 година треба да биде спуштен на вода, а во 2014 година да влезе во воениот состав на Црноморската флота“, додаде Федотенков. Овие шест бродови ќе бидат опремени со најновите крилести ракети „Калибр“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче