Во Русија 77% од жителите се сметаат себе си за среќни. Вакви резултати даде анкетата одржана на 29 април од СЦИОМ.
Прашањето кое го поставиле социолозите гласело: „Во животот има сѐ - и добро, и лошо. Но, општо кажано - дали се сметате за среќни? 23% од анкетираните одговориле „може да се каже“, а 54% - „да“. Според резултатите од истата анкета која се одржа минатата година, во Русија има ист број на среќни луѓе, додека пред две години мало помалку - 66%.
Најчесто својата среќа Русите ја објаснуваат со благосостојбата во семејството (29%), децата и внуците (18%), добрата работа и образование (10%), здравјето (6%). Исто така, 17% изјавиле дека се среќни, бидејќи „им тргнало во животот“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче