Во јануари-март 2013 година на светскиот пазар се продадени 418 милиони телефони - од кои 51,6% се паметни телефони.
Според податоците од 4 квартал во 2012 година, паметните телефони заседоа 45,5% од пазарот на телефони, додека во 1 квартал истата година - само 36%.
Најголеми произведувачи на паметни телефони во светот остануваат кинеските компании Huawei и ZTE, со оперативен систем Андроид.
Во Русија, според податоците на „Евросет“, во првиот квартал оваа година паметните телефони зазедоа 40,6% од пазарот на телефони, и дури 78,2% од средствата потрошени за телефони.
Претставници од руските мрежи за продажба на телефони изјавуваат дека продажбата на паметните телефони ќе бележат зголемување на побарувачката, посебно бидејќи нивните цени вртоглаво паѓаат, а во Русија активно се развива и пазарот за мобилен интернет - со што популарните социјално ориентирани сервиси се префрлаат на паметните телефони, а со самото тоа - нивната популарност расте во очите на потрошувачите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче