Русија ќе продолжи да ги блокира обидите на Косово да влезе во меѓународните организации

Русија ќе го блокира Косово.

„Рано е да се каже дека сите спорни прашања меѓу Приштина и Белград се конечно решени“, ова го смета извор на високо ниво во Министерството за надворешни работи на Русија. Тој објасни дека Русија ќе продолжи да ги блокира сите обиди Косово да влезе во меѓународните организации.

Во договорот, според кој треба да се создадат услови за нормализација на односите, а кој во Брисел го потпишаа Ивица Дачиќ и Хашим Тачин, не се спомнува можноста за учество на Косово во меѓународните организации. Страните засега се договорија „да не се блокираат една со друга кон патот во Европа“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.