Путин е против слободната продажба на оружје

Владимир Путин се изјасни против слободната продажба на оружје во Русија.

Владимир Путин се изјасни против слободната продажба на оружје во Русија.

„Не се согласувам со идејата за слободна трговија со оружје во Русија. И така нашето население има премногу оружје. Затоа е многу опасно додатно да се стимулира продажбата на оружје“, изјави рускиот претседател.

Прашањето дали треба да се дозволи слободното носење оружје поради самоодбрана во Русија се појави после повеќекратното убиство во Белгород, кога Сергеј Помазун отвори оган во продавница за оружје, убивајќи шестмина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња