Побарувачката на Samsung Galaxy S4 во Русија ги надмина сите очекувања

Во Русија започнаа продажбите на Galaxy S4 - три дена порано отколку во САД.

Руските мрежи за продажба на телефони се изненадени од огромната побарувачка за новиот паметен телефон Galaxy S4. Продажбите започнаа во петокот во шест часот вечерта. Во салоните на руската мрежа МТС веднаш била продадена пробната партија телефони, изјави претставникот на овој оператор, Ирина Агаркова. Според нејзините зборови, МТС веднаш нарачала уште една партија - но овој пат неколку илјади уреди.

Продажбите во „Евросет“ се уште поимпресивни. Истата вечер кога започнала продажбата, во филијалите на оваа мрежа биле продадени 1000 телефони, изјави вице-претседателот за продажба, Виктор Луканин.

Во Русија Galaxy S4 чини 45.000 денари (за моделот со 16 гигабајти меморија), па до 55.000 денари (за модело со 64 гигабајти меморија).

Претходникот на овој телефон, Galaxy S3, стана првиот телефон кој ги надмина продажбите на iPhone. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња