Претседателот на САД, Барак Обама и претседателот на Русија, Владимир Путин за време на телефонски разговор разменија мислења за соработката во борбата со тероризмот и терористичкиот напад во Бостон. Ова го пренесува AP, повикувајќи се на прес-конференцијата која се одржа во Белата куќа.
Според податоците на прес-службата на Белата куќа, Обама бил задоволен од соработката и му се заблагодарил на Путин за упатените сочувства.
„Владимир Путин го осуди тој варварски чин и изрази убедување дека борбата со тероризмот бара активна координација на силите од целата меѓународна заедница“, се кажува во соопштението кое е објавено на интернет-страницата на Кремљ.
Владимир Путин и Барак Обама зборуваа и за личната средба на самитот на „осумката“ во средината на јуни во Санкт Петербург пред самитот на Г-20.
Тие се договорија да продолжат со соработката во борбата со меѓународниот тероризам. Освен тоа, Владимир Путин и Барак Обама ја подвлекоа важноста за заедничката работа за гарантирање на безбедноста на Олимпијадата во Сочи во 2014 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче