Лавров: рускиот бизнис е баран во Африка

Рускиот бизнис е баран во Африка, изјави во понеделникот министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Рускиот бизнис е баран во Африка, изјави во понеделникот министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, веднаш после преговорите во Москва со претседателот на комисијата на Афричката унија, Нкосазан Дламини-Зума.

„Ги добивме перспективите за учество на руските компании во најголемите инфраструктурни проекти на африканскиот континент. Забележавме дека рускиот бизнис е баран во Африка. За него сме подготвени да обезбедиме поволни услови“, изјави Лавров.

Според зборовите на министерот, импулсот за соработката на африканските земји со рускиот бизнис го дадоа африканските лидери на состанокот со претседателот на Русија во Дурбан во март за време на самитот на БРИКС. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња