На станиците и во вагоните на метрото во Москва ќе се појават телевизори. Метрото ќе понуди место за 564 екрани и опрема. Наскоро ќе се склучу договор за давање на право за емитување на телевизиски канал на територијата на метрото.
Монтирањето на опремата ќе започне во септември годинава, а каналот ќе почне да работи во јануари 2014 година.
Според плановите на метрото, оваа новина „треба да го зголеми квалитетот на услугите и привлечноста на московското метро како удобен вид општествен транспорт“. Додека патуваат жителите ќе можат да дознаат за последните новости во градот, решенијата на владата, како и за значајни социјални проекти“. Вестите ќе се емитуваат не помалку од еднаш во еден час.
Во случај на појава на вонредна ситуација, патниците ќе бидат вендаш известени и ќе добијат совети како да се реагираат во таа ситуација. Планирано е социјалната информација да пополни 80% од содржините на телевизискиот канал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче