Токио ги обновува преговорите со Москва за Курилските острови

Јапонија повторно ќе преговара за Курилските острови.

Во Русија за прв пат после 10 години доаѓа премиерот на Јапонија, Шинзо Абе. Тој сака да ги возобнови преговорите за Курилските острови, но малку е веројатно дека ќе биде остварен реален прогрес.

Премиерот на Јапонија во Русија ќе присуствува по покана од Владимир Путин. Шинзо Абе со себе носи и 100 водечки бизнисмени од Јапонија кои ќе земат учество на деловниот форум посветен на соработката со Русија.

Што се однесува до територијалното прашање, позициите на двете држави кардинално се разликуваат. Јапонија бара од Русија веднаш да ѝ се вратат два острова, а два попосле, како и веднаш да се признае јапонскиот суверенитет над островите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња