На Русија не ѝ требаат лекции од САД за решавање на своите внатрешни проблеми

На Русија не ѝ требаат лекции и дофрлања од САД за решавање на своите внатрешни проблеми, изјави Александар Коновалов, министер за правда на Русија.

На Русија не ѝ требаат лекции и дофрлања од САД за решавање на своите внатрешни проблеми, изјави Александар Коновалов, министер за правда на Русија.

„Проблемите на правниот и казнениот систем нам ни се далеку попознати отколку на некој друг“, изјави министерот. Тој напомна дека пред четири години започна голема реформа на казнениот систем во Русија, во рамките на таа реформа е решаваат многу прашања кои со децении се таложеле.

„Ние сметавме и сметаме дека реформата денес се движи во правилен правец, многу прашања се решени, многу прашања кои не биле ни поставени - најдоа своја оценка во текот на спроведувањето на реформите...“, изјави Коновалов.

Притоа, министерот спомна дека во САД често се преземаат решенија кои излегуваат од рамките на нивните компетенции. „За жал нашите колеги преку океанот се обидуваат преку таквите нивни решенија да управуваат со целиот свет од својата држава, не водејќи сметка за границите и јуриздикцијата на другите земји“, додаде Коновалов. „Нашите граѓани ги апсат во други држави, ги судат по американски закони само поради тоа што постои некоја дупка во системот кој им дозволува да ги сметаат за терористи, да ги задржуваат без судски решенија, без официјални обвинувања...“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња