Царнаеви пред нападот во Бостон поминале специјална подготовка

Браќата Царнаеви, обвинети за терористичкиот напад во Бостон - поминале специјална подготовка пред да го извршат нападот на маратонот.

Браќата Царнаеви, обвинети за терористичкиот напад во Бостон - поминале специјална подготовка пред да го извршат нападот на маратонот. Ова го изјави претседателот на комитетот за национална безбедност, републиканецот Мајкл Макол.

Според неговите зборови, за ова сведочат искористените самоделни експлозивни уреди. Ваквите уреди, според Макол, користат бунтовниците во Авганистан, Индија, Пакистан, но без специјална подготовка - Царнаеви нив не би можеле да ги направат.

Освен тоа, сенаторот смета дека „во радикализацијата на нивните погледи главна улога одиграла нивната мајка, и доколку таа дојде од Русија во САД, таа ќе биде испрашана“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.