На денешен ден во 1813 година во Русија почина Михаил Кутузов, руски генерал-фелдмаршал, главен командант во Татковинската војна во 1812 година. Нему му се припишува победата над Наполеон.
Кога Наполеон во 1812 година извршил инвазија на Русија, рускиот воен министер одлучил да примени тактика на спржена земја и повлекување на руската војска, наместо да се ризикуваат големи битки. Таа стратегија предизвикала многу негодувања кај војниците и генералите, особено кај кнезот Петар Багратион.
Кутузов одлучил двете војски да се судрат кај Бородино на 7 септември 1812 година. Тоа дотогаш била една од најголемите битки во историјата - во неа учествувале околу 250.000 војници. Во битката немало ни победник, ни губитник, а половина од двете војски или загинале или биле ранети. После советувањето кај селото Фили, Кутузов се вратил на стратегијата на својот претходник за повлекување како начин да се спаси руската војска што е можно подолго. Цената била да се изгуби Москва. Москва била евакуирана и запалена од самите Руси.
Наполеон влегол во запалената Москва, но наскоро бил принуден да се повлече, бидејќи во градот немало ништо. Овој момент го искористила руската војска, па започнала со прогонување на армијата на Наполеон сѐ до Париз. Само мал дел француската армија пристигнала во својата татковина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче