Повеќето Руси помислуваат на „корупционери“, „крадци“ - веднаш штом слушнат „пратеник во Думата“. Но тоа не ги попречува да ги сметаат истите за „образовани професионалци“ и „добри оратори“. Ваквите противречни податоци ги претставија социолозите на Серускиот центар за истражување на општественото мислење (СЦИОМ).
Најчесто пратеникот е поврзан со „корупција, крадец, измамник, крадец на буџетот...“. Вакви асоцијации има кај секој петти граѓанин. За тоа дека пратеникот е „избраник од народот“ изјавуваат само 4% од анкетираните. 20% од граѓаните немаат никаква асоцијација со пратениците во Думата.
Кога анкетираните граѓани биле прашани да ги оценат квалитетите кои ги имаат пратениците, оценките биле доста противречни. Од една страна, 60% од анкетираните сметале дека пратеникот „на прво место ги става своите интереси“, 57% сметаат дека „тој е одамна изделен од народот, рамнодушен е кон луѓето“, 45% сметаат дека е „непринципиелен“, а 42% - „неодговорен“. Но во исто време 35% сметаат дека пратеникот „пријатен“, а 42% сметаат дека тој е „професионалец кој си ја знае работата“. Дури 57% изјавиле дека е „образован и умен“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче