Русија е рамнодушна кон „списокот Магнитски“

Состанок на министрите во Русија со лицата кои се нашле на „списокот Магнитски“.

Шефот на Министерството за внатрешни работи на Русија, Владимир Колоколцев, како и министерот за правда, Александар Коновалов се состанаа со соработниците во своите министерства чии имиња се најдоа на „списокот Магнитски“.

За време на состанокот Владимир Колоколцев нагласи дека ниту една држава нема право да ги обвинува граѓаните на Русија - сите обвинувања треба да бидат решени во својата земја.

Министерот за правда исто така изјави дена не гледа причина за преиспитување на резултатите од истрагата во случајот со смртта на правникот Сергеј Магнитски. Коновалов ги увери своите соработници дека тоа што тие се нашле на „списокот која го објавила друга држава - е правно индиферентен факт“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња