Во Екатеринбург потона пловечкиот кафе-бар „Бродче“. Ова на 24 април го пренесе агенцијата „Нов регион“.
Бродчето ненадејно почнало да се намалува, и за два часа се нашло под вода. Никој не настрадал.
Се смета дека причина за потонувањето е зголемувањето на водостојот. Пред 10 години ова бродче исто така потонало. Тоа се случило во 2003 година за време на прославувањето на Денот на градот. Тогаш на бродчето имало дегустација на торти на која присуствувале многу повеќе луѓе од предвиденото. Тогаш го подигнале од водата, го реновирале и повторно започнало да работи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче