Во 2014 година ќе се намалат мајските неработни денови во Русија

Министерството за труд и социјална заштита на Русија подготви проект според кој мајските празници во Русија ќе станат пократки, но затоа во ноември ќе има повеќе неработни денови.

Министерството за труд и социјална заштита на Русија подготви проект според кој мајските празници во Русија ќе станат пократки, но затоа во ноември ќе има повеќе неработни денови.

Овен тоа, ќе се појави и „мини-одмор“ во јуни. Според проектот, наместо неработни 4 и 5 јануари - тие ќе се префрлат на 2 мај и 14 јуни во 2014 година. Исто така, 3 ноември ќе биде неработен ден во 2014 година.

Новогодишните неработни денови во 2014 година ќе траат од 1 до 8 јануари. Во март Русите ги очекува тридневен период за одмор поради Меѓународниот ден на жената - од 8 до 10 март.

Во јуни 2014 година Русите повторно ги чека изненадување. На 12 јуни се слави Денот на Русија во четврток, а петок - 13 јуни - ќе биде неработен ден.

Во ноември 2014 година Русите нема да работат 4 дена - од 1 до 4 ноември поради Денот на народното единство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.