Сателитите од системот „Галилео“ ќе се лансираат со руски ракети

Создавањето на европскиот навигациски систем „Галилео“ ќе се оствари со помошта на руските ракети-носачи, соопшти претставникот на Европската вселенска агенција, Рене Пишел.

Создавањето на европскиот навигациски систем „Галилео“ ќе се оствари со помошта на руските ракети-носачи, соопшти претставникот на Европската вселенска агенција, Рене Пишел.

„Лансирањето на системот „Галилео“ ќе се врши, пред сѐ со помошта на руските ракети“, изјави Пишел, настапувајќи на меѓународниот навигациски форум во Москва.

Тој спомна дека Европа започна со создавање на сопствен навигациски систем. Во 2005 и 2008 година беа лансирани првите два експериментални сателита од овој систем, а во 2011 и 2012 - првите четири оперативни сателити.

Првите оперативни сателити беа лансирани со помошта на ракетите „Сојуз“ од космодромот Куру во француска Гвајана.

Претстојат уште многу лансирања, имајќи предвид дека целиот европски навигациски систем ќе се состои од 30 сателити. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња