Колку и е да се чини чудно на прв поглед, изборот на жителите на Русија кои учествуваа во Годишната Национална Премија „Автомобил на годината“ падна на Лада Ларгус, кој се произведува во Русија заедно со Рено.
Пред да започне со производство, овој автомобил претрпе низа промени за да се приспособи „французот“ на руските патишта.
Во минатата година нешто повеќе од милион луѓе гласаа за избор на автомобил на годината, додека оваа година тоа го направија максимални 1,5 милиони љубители на автомобилите. За првото место се бореа 385 автомобили кои се официјално претставени во Русија.
Автомобилот Лада Ларгус се произведува на конвеерот на „АвтоВАЗ“ во Толјати, и тоа е еден од најсовремените автомобили во Русија, создаден при поддршка на Рено-Нисан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче