Русин е удостоен со престижна меѓународна премија во областа на фотографијата

Русинот Илја Питалев во Лондон е удостоен со престижната меѓународна премија во областа на фотографијата Sony World Photography Awards 2013.

Русинот Илја Питалев во Лондон е удостоен со престижната меѓународна премија во областа на фотографијата Sony World Photography Awards 2013. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на Светската фотографска организација.

Питалев е роден во Москва. Во 1986 година тој започнал да соработува со различни медиуми, а работел и во весникот „Комерсант“. Сега фотографот работи во РИА Новости.

Русинот е награден во номинацијата за „Актуелни случки“ за неколку фотографии кои се направени во Пјонгјанг во 2012 година за време на прославата на денот на раѓање на основачот на Северна Кореја, Ким Ир Сен.

 На конкурсот учествувале речиси 122.700 фотографии од 170 држави во светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.