Почна создавањето на воениот железнички ракетен комплекс (ВЖРК) од новата генерација со меѓуконтинентални балистички ракети.
„Во Русија започна конструкторската работа за создавање на воен железнички ракетен комплекс од новата генерација со меѓуконтинентални балистички ракети“, изјави заменикот на министерот за одбрана, Јуриј Борисов. Според неговите зборови, работата се наоѓа на почетниот стадиум.
Во советско време бил создаден и вклучен во армијата железничкиот комплекс „Молодец“ со ракетата РТ-23. Главната предност на тој систем се состоела во тоа што тој постојано се движел и било тешко да се открие и уништи во првиот нуклеарен удар. Според договорот СНВ-2, ваквиот вид вооружување било забрането, но Русија го напушти тој договор во 2002 година.
Во новиот систем ВЖРК ќе се користат современите нуклеарни ракети како „Топол-М“ или „Булава“ кои се далеку послесни, и нема да предизвикаат никакви оштетувања на шините при евентуалното лансирање. Останува да се реши прашањето како да се обезбеди тајноста на патролирањето на таквите возови (во СССР било далеку поедноставно на тој план, бидејќи немало приватни железнички компании).
Политичко решение за создавање на ВЖРК нема. Засега тоа е само една од варијантите кои ќе бидат искористени доколку се постави противракетниот штит на САД во Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче