Компанијата Qiwi Plc., сопственик на најголемиот систем за брзи плаќања, соопшти дека нејзините акционери во мај сакаат на NASDAQ и на Московската берза да пуштат 12 милиони акции (класа Б) по цена од 16 до 18 долари за акција. Компанијата има 52 милиони акции - 40 милиони од класата А (секоја од тие акции му дава на сопственикот по 10 гласа) и 12 милиони акции од класа Б (една акција - еден глас).
Предложувајќи им на инвеститорите вакви цени, Qiwi ја процени својата вредност од 832 до 936 милиони долари, што е еднакво на 30 до 34% од нејзиниот чист годишен профит.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче