Популарноста на кафето на растворање во Русија паѓа. Сѐ повеќе се купува мелено кафе

Популарноста на кафето на растворање во Русија паѓа.

Популарноста на кафето на растворање во Русија паѓа, додека меленото кафе добива сѐ повеќе купувачи, изјави генералниот директор на Руската асоцијација на произведувачи на чај и кафе, Рамаз Чантуриј.

„Ако во 90-те години соодносот на кафето на растворање кон печеното изнесувало 80%-20%, во 2012 веќе нештата се променети - 69%-31%“, изјави Чантуриј.

Според неговите зборови, во 2012 година Русија го зголемила увозот на кафе за 1% - до 119.000 тони. Овој пазар во Русија се оценува дека вреди 2,3 милијарди долари. Просечниот Русин испил 800 грама кафе годишно.

Растот на пиењето кафе воопшто не влијае на потрошувачката на чај. Чајот во Русија традиционално повеќе се пие, и растот на неговата потрошувачка со години е стабилен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.