Министерството за одбрана на Руската Федерација смета дека не е исплатливо да се создаваат екраноплани се додека не се одреди нивниот изглед и спектарот на задачи кои ќе може да ги решава, изјави директорот на одделот за вооружување во Министерството за одбрана, Анатолиј Гурјаев.
„Што се однесува со конструкторската работа, во Државната програма за вооружување предвидено е од 2016 година да се започне со создавање на екраноплан, но ако немаме предвид каков ќе биде изгледот и функциите - нема никаква смисла воопшто да се започнува со него“, додаде Гурјаев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче