Испитувањата на ПАК ФА (Т-50) се при крај

Новиот руски ловец ќе стапи во служба во армијата за 3 години.

Ловецот од петтата генерација Т-50 ќе стапи во служба во руската армија во 2016 година, а не во 2015 година, изјави претседателот Владимир Путин.

Тој подвлече дека авионот по многу параметри веќе ги надминува перформансите на американскиот ловец Ф-35.

Според податоците на компанијата која го создава овој авион - испитувањата на првиот примерок веќе се завршени и целосно ги задоволиле воените органи.

Т-50 е авион од петтата генерација, опремен со сосема нов комплекс авионика и радиолокациски станици. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња