Доброволци ги чистат парковите во Русија

Во Русија повторно се појавува традицијата на доброволни акции за чистење на општествените места.

Валентина Воченкова, 20-годишна студентка која работи во еден од московските кафе-барови, заедно со 460 друг волонтери зеде учество во чистењето на паркот „Музеон“.

„Саботники“ - како што се нарекуваат доброволните општествени работи за облагородување на јавниот простор - најчесто се одржуваат по саботите (од каде доаѓа и името). Ваквите акции започнаа во Русија уште пред 100 години. Првиот московски „саботник“ бил организиран во 1919 година, инициран од Владимир Ленин, и во него учествувале само 15 луѓе, но после една година - веќе имало 425.000 доброволци.

Во советско време овие акции биле масовна пракса, но после распадот на СССР ваквите акции ги снемувало. Дури во последниве неколку години акциите за чистење на јавниот простор стануваат повторно популарни. Според зборовите на заменикот на градоначалникот на Москва, Петар Бирјуков, во оваа година во саботниците учествувале во Москва околу 1,3 милиони луѓе.

„Супер е ова! Ние во сабота решивме да излеземе на улица со гребло, а не да седиме дома. Ем работиме, ем комуницираме со нови луѓе, ем вдишуваме свеж воздух, се обидуваме да направиме нешто добро“, кажува Ана Зајченко, една од учесниците во акцијата.

Волонтерите ги организираат своите акции преку социјалните мрежи, искористувајќи ги сите возможни начини за привлекување на луѓето: реклами во социјалните мрежи, метрото, плакати... 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.