Во петокот во центарот на Москва беа задржани над 140 луѓе за кои се сомнева дека се исламски екстремисти. Повеќе од 30 од нив се странци, соопштено е на прес-конференцијата на ФСБ за Москва и Московската област.
Полицијата влегла во зградата број 8 на Даниловскиот кеј во Москва каде се спровела операцијата за приведување на осомничените за исламска екстремистичка дејност.
Приведувањето го извршиле соработници на ФСБ заедно со нивните колеги од МВР и Службата за миграција за Москва.
Неколкумина од приведените се наоѓаат на списоците на лица кои се бараат поради тероризам и екстремизам.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче