Времеплов: на денешен ден во историјата на Русија

Чернобил.

На денешен ден навршуваат 27 години од експлозијата на реакторот во Чернобилската атомска централа. Од 2004 година во државите на Заедницата на независни држави 26 април се слави како Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од радијациски катастрофи.

Чернобилската катастрофа се случи на 26 април 1986 година, кога четвртиот реактор на централата (која се наоѓа во денешна Украина) експлодирал. Реакторот бил целосно уништен, а во околијата на атомската централа било исфрлено огромно количество радиоактивни остатоци. Оваа нуклеарна катастрофа се смета за најголема во светот во целата историја на нуклеарната енергетика - како по изгубените човекови животи, така и посред економската штета. Повеќе од 600.000 луѓе учествувале во ликвидирањето на последиците од оваа катастрофа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.