Военото воздухопловство на Русија во 2014 ќе добие 100 нови борбени авиони

Нова техника за руското Воено воздухопловство.

Воената индустрија во 2014 на военото воздухопловство на Русија ќе му испорача 100 нови борбени авиони, соопшти директорот на Обединетата корпорација за производство на авиони, Михаил Погосјан.

Според неговите зборови, во рамките на државната програма за вооружување планирано е во следниве неколку години Министерството за одбрана да ги зголеми за двапати испораките на авиотехника. Во текот на 2012 година испорачани се 35, а оваа година 60 авиони. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.