Во полицијата доаѓаат писма со благодарност за фаќање на „белгородскиот убиец“

„Огромно благодарам на сите за тоа што го фативте тој штетник!“

„Огромно благодарам на сите за тоа што го фативте тој штетник! И за вашата секојдневна работа - ви благодарам. И покрај сѐ, ние вам ви веруваме, ние со вас се гордееме!“, се кажува во едно од писмата кои ги прими полицијата во Белгород.

Авторите на писмата му посакуваат што побрзо оздравување на ранетиот полицаец Јуриј Седих.

„Ние премногу ретко се гордееме со нашите полицајци. Благодариме! И има за што да ви заблагодариме...“ пишува во друго писмо.

За времена задржувањето на Сергеј Помазун, тој со нож го ранил 42-годишниот мајор на полицијата, Јуриј Седих.

Во понеделникот Помазун отвори оган во продавница за оружје во центарот на Белгород, убивајќи тројца, а на улицата уби уште тројца. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.