Форумот „Сибирската индустрија и информатички системи“ се отвори денеска во новосибирскиот Академград по петти пат. Според зборовите на организаторот, задача на форумот е да се донесе Новосибирск на ниво на светски центар во областа на информатичките науки. Овде се собрани специјалистите од IT-гранките, раководителите на претпријатијата и организации од Русија и странство.
На овој форум ќе се разговара за стратегијата за развој на иновативните кластери, проблемот со недостаток на кадри во IT секторот, сајбер-безбедност, односите меѓу создавачите и нарачувачите на софтвер и други теми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче