„Во 2013 година министерството за одбрана на Руската Федерација започна со реализација на еден од системите за реанимација - активен ултразвучен апарат за запирање на крвта од раните која треба автоматски да дејствува на местото на раната, како и да го бара изворот од каде тече крвта“, се кажува во извештајот.
Одделна задача претставува создавањето на електронски евакуациски носилки и евакуациски модул. Роботизираниот комплекс треба да може да наоѓа, препознава и да ги евакуира ранетите кога има оган од страна на непријателот без учество на војниците или со минимално учество од нивна страна. Исто така, од него се бара способност за движење на различни терени и совладување на најразлични препреки, почнувајќи од обични скали, па до џунгли.
Во Русија напредните технологии за мобилно реанимирање порано беа претставени во хируршкиот комплекс (врз основа на авионот Ил-76МД).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче