Македонската поп-пејачка со руско потекло Викторија Лоба заедно со најпродаваната марка кондоми започнува кампања преку која ќе се едуцираат младите од Македонија за контрацепцијата и за заштита од сексуално преносливите болести. Планирано е кампањата да се спроведе на неколку локации во Македонија. Програмата опфаќа едукативен дел, летна кампања во македонските туристички центри, социолошки испитувања на јавното мислење, како и он-лајн советувалиште со гинеколози.
- Кога одговорните од „Дурекс“ ми ги презентираа податоците за ниската свесност кај младите за потребата од заштита при сексуален однос без размислување прифатив да бидам дел од оваа кампања. Сметам дека со сексуално образование и едукација може навистина многу да се помогне, а зборувањето отворено за овие теми е нешто најважно за младите кои некогаш од незнаење, а некогаш од страв не прашуваат. Оваа кампања на „Дурекс“ ќе даде одговор на сите прашања кои ги интересираат младите“ - изјави Викторија Лоба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче