Новини за системот С-500

Создавањето на новиот ракетен систем С-500 се одвива активно. Министерството за одбрана на Руската Федерација очекува да го добие овој систем во предвидениот рок, изјави заменикот на министерот за одбрана на Руската Федерација, генерал-полковнник Олег Остапенко.

„Овој систем е предвиден за борба со перспективните средства за воздушен и напад од вселената, како и со хиперзвучни ракети“, изјави Остапенко за новинарите.

Претходно беше соопштено дека во рамките на државната програма за вооружување до 2020 година се планира формирање на 10 дивизии од најновите ракетни системи С-500. Тие ќе станат основа на Воздушно-космичката одбрана во Русија.

С-500 претставува нова генерација на ракетни системи во кои ќе се примени принципот на одделно решавање на задачите за уништување на балистички и аеродинамички цели. Основната задача на С-500 е борба со боеви балистички ракети од среден досег, а при неопходност и со меѓуконтинентални балистички ракети. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња