Москва не е задоволна од гаранцијата на Обама во врска со противракетниот штит

Москва не е задоволна од гаранциите кои Вашингтон ги нуди кога станува збор за противракетниот штит.

Москва не е задоволна од гаранциите кои Вашингтон ги нуди кога станува збор за противракетниот штит. САД претходно понудија компромис во вид на лична гаранција од Барак Обама, но Москва инсистира на правен договор кој не зависи од политичката конјуктура.

Кон крајот на февруари се појави информација дека Вашингтон ќе даде гаранција околу американскиот противракетен штит во вид на договор. Таа обврска не бара одобрување од Конгресот, но носи еднаква сила како и секој меѓународен договор.

Сепак, ваквиот договор има обврзувачки карактер само за актуелната администрација, и следниот раководител со Белата куќа може да го анулира. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња