Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе ќе ја посети Русија од 28 до 30 април. Ова е прва посета на јапонски политичар на премиерско ниво за последниве 10 години.
На средбата ќе се разговара и за курилското прашање, како и за размена на мислења околу Северна Кореја. Секако, не се очекуваат некои посебни резултати за овие прашања, но затоа најветувачки се разговорите за продлабочување на економските односи.
„Јапонија сака меѓу Путин и Абе да се развијат односи основани на доверба. На тој начин во иднина ќе можат да се решаваат и најсложените проблеми“, изјави шефот на Центарот за јапонски истражувања при Институтот за Далечниот Исток во РАН, Валериј Кистанов.
Според зборовите на експертот, ќе стане збор и за испораките на гас од Русија во Јапонија. Но тоа не е единствен пат за продлабочување на односите меѓу двете земји.
Дополнително ќе се разговара за земјоделската продукција, прехранбената индустрија, медицинската опрема и фармацевстската индустрија, како и соработка околу планот за урбанизација и создавање на „умни градови“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче