Чистиот профит на „Аерофлот“ во 2012 година падна за 66% во споредба со 2011 година. Профитот на компанијата изнесува 166 милиони долари. Тоа е далеку помалку од прогнозираниот приход од 233,6 милиони долари.
„Основни причини за појава на разлика меѓу резултатите во 2011 и 2012 година се продажбите на акции во 2011 година“, се кажува во извештајот на компанијата.
Што се однесува до другите финансиски показатели, приходите на компанијата пораснаа за 51% - 8.138.000.000 долари. Зголемувањето на приходите е резултат на зголемувањето на бројот на летови во 2012 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.