Седма година по ред Москва учествува во меѓународната акција „Ноќ во музејот“. Ова го изјави на прес-конференцијата раководителот на одделот за култура во главниот град, Сергеј Капков.
Според неговите зборови, во оваа година акцијата ќе трае цело деноноќие. На 18 мај ќе се одбележи Денот на историското и културното наследство, а од 21:00 часот ќе започне акцијата која ќе трае во некои музеи до 2 часот на 19 мај. Бројот на учесници во акцијата не е уточнет, иако, според пресметките, во неа ќе земат учество околу 200 различни музеи.
Според зборовите на Капков, минатата година кацијата ја посетиле 800.000 луѓе. Во оваа година се очекува посетеност од милион луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче