До крајот на април градоначалникот на Москва ќе добие план за две површини во непосредна близина на Москва, кои ќе бидат соодветни за изградба на пазари од типот на парискиот Rungis или Mercamadrid во Мадрид. Обата проекта вклучуваат изградба на пазар со површина од 1 милион квадратни метри.
Создавањето на вакви пазари за трговија на големо е предвидено во државната програма која е усвоена минатата година. Според зборовите на заменикот-градоначалник, овие пазари треба да ги задоволат потребите за логистички центар кој ќе може да понуди свежи производи за граѓаните на главниот град на Русија, а исто така – да стане центар на трговијата за малите руски произведувачи.
„Ова не е идеја за создавање место каде ќе може да се увезува сè што доаѓа од странство, туку место каде ќе се привлекува руското производство“, додаде заменикот на градоначалникот на Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче